недела, 26 април 2026

Франција суспендира 300.000 невакцинирани здравствени работници

Објавено на

часот

Сподели

Околу 300.000 медицински лица сѐ уште не се вакцинирани, а во некои болници може да има недостиг од работна сила поради суспензијата.

Во Франција вакцинацијата на медицинските работници и работниците во итните служби е задолжителна.

Денес им истекува рокот да добијат барем една доза за да не бидат суспендирани.

На суспендираните работници ќе им биде ускратена платата и можноста да дојдат на работа, но ниту еден медицински работник, според одлуката на Врховниот суд, не смее да биде отпуштен.

Французите со недели протестираат на улиците низ земјата против задолжителните санитарни пропусници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ