недела, 26 април 2026

Европската федерација на новинари: Засрамете се премиеру Рама

Објавено на

часот

Сподели

Тоа се случило за време на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана.

„Засрамете се премиеру Еди Рама за тоа што намерно ги игнориравте прашањата на косовските новинари. Европската федерација на новинари ја осудува ваквата невидена сегрегација“, порача генералниот секретар на Федерацијата Рикардо Гутиерез на Твитер.

Покрај тоа ја сподели веста од албанскиот портал Егзит њуз, во која се наведува дека Рама одбил да одговара на прашања на новинари од Косово за време на заедничката конференција со Меркел.

Се наведува дека новинар на приштинскиот Клан Косова пренел дека новинари од шест медиуми од Косово безуспешно чекале 40 минути да добијат шанса да постават прашање.

Тој истакна дека сите новинари биле акредитирани и лично се појавиле на конференцијата.

Егзит њуз ги пренесе тврдењата на новинарите дека не им било овозможено да им постават прашања ни на Рама ни на Меркел. На снимката која новинарот на Клан Косова ја објави на Фејсбук се гледа како новинарите седат со кренати раце чекајќи да постават прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ