недела, 26 април 2026

Ердоган: Турција нема капацитет да прифати нов бран емигранти

Објавено на

часот

Сподели

Тој во телефонски разговор со германскиот колега Франк Валтер Штајнмаер кажа дека Германија и другите земји од Европската Унија би требало да им помогнат на соседите на Авганистан бидејќи „го носат бремето на авганистанската миграција“.

Турција во моментов е земја со најмногу прифатени емигранти, вклучувајќи 3,7 милиони Сиријци. Властите на таа земја се загрижени поради нов можен прилив на емигранти кои бегаат од талибанците во Авганистан.

Во Турција расте нетрпеливоста на граѓаните против емигрантите бидејќи државата е во тешка економска ситуација, влошена од пандемијата на коронавирусот, вклучувајќи и висока стапка на невработеност.

„Претседателот Ердоган подвлече дека Турција нема капацитет да го поднесе товарот на нова миграција“, се наведува во соопштението на неговиот кабинет.

Ердоган додаде дека никој не сака да се случи повторно сценарио слично на тоа од 2015 година, кога повеќе стотици илјади бегалци преку Турција бегаа од војната во Сирија кон западните земји.

ЕУ и Турција во 2016 потпишаа договор според кој Турција е должна да ги задржи емигрантите и да ги спречи да тргнат кон Европа, а за возврат турските граѓани добија можност за безвизни патувања и значителна финансиска поддршка од ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ