Во обраќањето по состанок на владата, Ердоган порача дека Европа мора да ја прифати одговорноста за Авганистанците кои бегаат од земјата, и наведе дека Анкара презела мерки долж границата со Иран, што е безбедна рута за авганистанските емигранти кои доаѓаат во Турција.
Тој кажа дека Турција би можела да разговара со новата влада која ќе ја формираат талибанците, за да разгледаат некои планови од заеднички интерес.
Откако талибанците го зазедоа Кабул во текот на викендот, ситуацијата во градот е хаотична, додека илјадници луѓе се обидуваат да заминат од страв од строгото толкување на исламот, наметнат за време на претходното талибанско владеење кое заврши пред 20 години.
Илјадници луѓе влегоа во Турција во последните недели, додека талибанците напредуваа низ земјата на патот кон Кабул.






