Случајот е интересен за Хрватска бидејќи се наведува дека во регионот постои своевиден синџир на потиснување, во кој емигрантите од Австрија, преку Словенија и Хрватска, се враќаат во БиХ, што е спротивно на важечките закони.
Според тужбата која во име на Амин ја поднел неговиот австриски адвокат Клеменс Лахнер, 17-годишното момче неколку пати од почетокот „изразено“ и „доволно јасно“ на англиски јазик дал до знаење дека сака да поднесе барање за меѓународна заштита во Австрија. Амин австриската полиција го привела на 25 јули откако ги пропатувал Турција и Балканот кон Словенија и ја минал границата кон Австрија пешки, во придружба на пет возрасни баратели на азил од други африкански земји. Случајот е документиран од Пуш бек аларм Австрија иницијативата во соработка со невладината организација Асилкооринатион Остерајх.
И покрај повторните барања за азил на Амин кон австриската полиција, не е почната постапка за проверка на неговата молба, ниту ги превеле документите кои морал да ги потпише, спротивно на одредбите на законот за азил.
Ова е втора тужба од овој вид пред австриските судови – првиот минатата година завршил со пораз на полицијата која ја тужел 21-годишен Мароканец, исто така собран во Штаерска на крајот на септември 2020 година и се вратил во Словенија неколку часа подоцна, и покрај јасното барање за азил.
Надлежниот судија на почетокот на јули пресуди дека однесувањето на австриската полиција е незаконско. На момчето му е повредено и правото на почитување на човечкото достоинство (меѓу другото морал да клекне и целосно да се соблече) и правото на добивање на соодветната документација, според пресудата.
Австрискиот судија пресудил дека постои синџир на депортации преку Словенија и Хрватска во БиХ.
Во случајот на 21-годишниот Мароканец, судијата исто така дошол до заклучок дека потиснувањето „понекогаш методично се спроведува во Австрија“ и навел дека веројатно станува збор за ланец на депортации преку Словенија и Хрватска во Босна и Херцеговина, во кој се вклучени полициски службеници. Министерството за внатрешни работи во Виена прво ги отфрли тврдењата, а по пресудата се повика на соопштение на штаерската полиција.
Иницијативата Пуш бек аларм Австрија вели дека документирала 15 слични сомнителни случаи на нелегално одбивање азил. Јавното обвинителство сега е повикано да разјасни дали постојат „незаконски упатства во врска со нелегалната потисна рута на Балканот или министерот за внатрешни работи нема контрола врз своите службеници“, кажа за австриските медиуми Лукас Гашлеинтер Герц од оваа иницијатива.
Во секој случај, ако австрискиот суд уште еднаш утврди дека полицијата на Австрија, Словенија и Хрватска соработува во организирањето на враќањето на емигрантите во БиХ, се доведува во прашање целиот став на хрватското министерство за внатрешни работи и она што го кажало за оваа тема па и пошироко.






