петок, 24 април 2026

Експлозија кај аеродромот во Кабул (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на американското министерство за одбрана Џон Кирби ги потврди информациите за експлозија пред аеродромот во Кабул во Авганистан, каде што сѐ уште е во тек операцијата за евакуација на војската.

Кирби денеска на Твитер објави дека бројот на жртвите во овој момент не се знае, но дека ќе следуваат повеќе детали.

Изгледа дека експлозијата пред аеродромот во Кабул е предизвикана од бомбашки самоубиствен напад, изјави денеска неименуван американски функционер за Ројтерс, повикувајќи се на првични информации и предупредувајќи дека тоа може да се промени.

Имаше и непотврдени информации на Твитер од американската новинарка Џенифер Грифин од Фокс њуз и авганистанскиот новинар Билал Сарвари што сугерираат дека се работи за самоубиствен напад.

 Претходно денеска министерот за британските вооружени сили предупреди за „скорашен напад“ на аеродромот во Кабул од исламистички милитанти, веројатно ИСИС, повикувајќи се на „многу веродостојни“ разузнавачки извори, и ги советуваше луѓето да се држат подалеку од воздушната база.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ