Во меѓувреме, извештајот на американската разузнавачка служба, побаран од американскиот претседател Џозеф Бајден, даде нецелосен заклучок за потеклото на вирусот, вклучувајќи ја и теоријата дека вирусот преминал од животно на човек или дека „протекол“ од кинеска лабораторија, објави Вашингтон пост во средата.
Во коментар објавен во списанието Нејчр експертите на СЗО велат дека истражувањето за потеклото на вирусот е „клучна пресвртница“, за која е потребна итна соработка, но наместо тоа, сѐ запрело.
Тие нагласија дека кинеските власти сѐ уште не сакаат да ги споделат податоците, а како причина ја наведоа заштитата на правата на пациентите.
Претходно оваа година, СЗО испрати тим во Вухан, каде што првиот случај на коронавирусот беше официјално регистриран во декември 2019 година, за да испита како почнало сето тоа.
Во анализата објавена во март, СЗО заклучи дека вирусот најверојатно преминал од животни на луѓе и ја нарече веројатноста за „истекување“ од лабораторија „исклучително мала“.






