„Двајца пациенти ги загубија животите, а 16 се префрлени во друга болница во Плоешт поради чадот што го исполнува приземјето на болницата, но нивните животи не се во опасност“, изјави за Франс прес, портпаролката на ИСУ, Ралука Василоа.
Медицинската сестра, која се здобила со изгореници на 40 отсто од телото, била префрлена во болница во Букурешт, прецизира Василоа.
„Истрагата треба да ја утврди причината за пожарот“, изјави министерот за здравство Атила Чеке.
Според директорот на болницата, зградата била реновирана минатата година, а неодамна биле прегледани електричните инсталации и системот за довод на кислород.
Романија е тешко погодена со четврти бран на епидемијата на ковид-19 и ѝ недостасуваат кревети на одделенијата за интензивна нега.
Во октомври, во пожар во болница во Констанца во југозападниот дел на земјата животот го загубија седум пациенти заразени со коронавирус.
Дваесет загинаа и во два пожари што ја погодија болницата во Пијатра Неамт на североистокот на земјата во ноември 2020 година и во Букурешт во јануари.
Во април, тројца пациенти на респиратор во Букурешт починаа по грешка со уредите.






