Сторителот е во бегство и веројатно е вооружен, а полицијата е во потера по него. Мотивите за нападот сè уште не се познати.
Полицијата соопшти дека првичните резултати од истрагата не покажуваат дека станува збор за тероризам.
„Како што стојат работите, се чини дека тоа попрво било злосторство отколку тероризам“, изјави портпаролот на полицијата, цитиран од Ројтерс.
Германски Билд претходно, повикувајќи се на полицијата, објави дека станува збор за таканаречената ситуација „Амок“, која се однесува на ментално растројство при кое некое лице неконтролирано убива луѓе околу себе.
Според весникот, убиени се жена и маж, а има и две сцени на злосторството, едно лице е убиено во куќата, а другото пред неа.
Специјалните полициски сили се на лице место, пренесува Ројтерс. Градот Еспелкамп, кој има околу 20.000 жители, се наоѓа во германската држава Северна Рајна-Вестфалија.






