понеделник, 4 мај 2026

Два воза се судрија во Велика Британија, најмалку 12 повредени (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува британски Гардијан, околу 50 пожарникари од повеќе околни места се на теренот, заедно со полицијата. Областа ја надлетува и хеликоптер на крајбрежната стража.

Како што наведе портпаролот на железницата, службите за итни случаи реагираат на „инцидентот во тунелот Фишеретон“ близу станицата Солзбери и таа линија е затворена. До судирот дошло кога едниот воз удрил во објект во тунелот, а другиот воз потоа се судрил со него поради проблеми со сигнализацијата, пренесува Би-би-си.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=b3czBD-toJ0 autoplay:0]

Би-би-си наведува дека најмалку 12 лица се повредени, а дека се верува дека еден од машиновозачите останал „заглавен“ во кабината. Исто така, како што пренесуваат, едниот воз се накривил настрана.

ПА Медиа јавува дека се верува дека сите повредени имаат полесни повреди, пренесува Гардијан.

Железничкиот сообраќај во таа област е во прекин.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=rgm5gei7o9w autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ