Со белешката на излогот сопствениците на продавницата за традиционални носии (трахтеладен) во Хоф сакаат да појаснат кој е добредојден во нивната продавница: „Ве молам, разберете – пристап само на невакцинирани лица“.
Тие велат дека сакаат да ја „заштитат“ својата специјализирана продавница „Трахденлод’н волпердингар“, која ја водат од 2015 година.
„Се чувствуваме непријатно со луѓето што се вакцинирале“, рече сопственикот Шулер за инФранкен. Натписот виси на продавницата од минатиот вторник. „Остануваме на своето мислење, без оглед што мислат другите за тоа“, нагласи Шулер.
Тој додава дека не верува во вакцините против короната затоа што, како што вели, „не биле тестирани“. „Не веруваме во овој лек“, вели тој.
Сопствениците тврдат дека ја преживеале пандемијата без инфекција и дека сакаат таа да остане така. „Здрави сме година и пол година и сакаме да останеме така“, рече Шулер.
Според нив, нивната продавница речиси пропаднала поради короната. „Ние сме мала сезонска продавница и минатата година имавме пад на продажбата од 90 проценти“, посочува Шулер.
Сега кога им е овозможена работата, тие велат дека сакаат да испратат јасна порака за тоа што го мислат.






