Оваа информација ја потврди самиот Додик при денешната посета на Мостар.
„Мислам дека сум човек против кого има најмногу кривични пријави. Секој ден нешто пристигнува. Гледам дека од Обвинителството на БиХ денес пристигнало да ме сослушаат за наводно негирање на геноцид. Ние едноставно не сакаме да имаме странци кои наметнуваат закони, без оглед на содржината на законите. Очигледно е дека ние во Босна и Херцеговина никогаш нема да се договориме околу тоа. Ние Србите не сме поданици и не сакаме да имаме странци кои ќе одлучуваат за тоа“, кажа тој.
Поранешниот висок претставник Валентин Инцко на 23 јули, пред завршувањето на мандатот, наметна законска забрана за негирање на геноцидот во Сребреница. Истиот ден Обвинителството на БиХ соопшти дека ќе формира предмети против оние кои го кршат овој закон.
За политичките партии од Република Српска овој закон е неприфатлив, а токму Додик е меѓу најгласните политичари од овој ентитет кој со години негира дека имало геноцид во Сребреница. Поради тоа што законот им е неприфатлив и дека е последица на високиот претставник, партиите од Република Српска се одлучија на бојкот на работата на државните институции на Босна и Херцеговина.






