среда, 6 мај 2026

Додик патува во Русија, ќе се сретне со Путин

Објавено на

часот

Сподели

Главната уредничка на Спутник во Србија Љубинка Милинчиќ кажа дека во следните денови Додик ќе се сретне со Путин.

Миланчиќ во контекст на одржаната средба на претседателот на Србија Александар Вучиќ со Путин кажа дека една од темите на разговорот била неизбежно и Босна и Херцеговина, но дека клучниот разговор во таа смисла ќе го води Додик лично со Путин.

„Наскоро мислам, за два, три или четири дена кај Путин оди и Додик“, кажа Милинчиќ.

Додик претходно најави „важно патување“ не сакајќи да ја открие дестинацијата каде што ќе разговара за неговите следни чекори.

„Мене ме очекува важно патување кое е битно за нас. Но тоа не условува одржување посебна седница, односно суштината на она за што ќе разговараме, туку е потребно на една така важна адреса да се поразговара уште за тоа“, кажа Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ