Ова го објави босанскиот портал Истрага, повикувајќи се на информации на безбедносните служби на БиХ.
Додик за Радио-телевизија Република Српска (РТРС) изјави дека РС за своите цели планира да се бори со политички средства, но дека е спремна и на оружени судири ако е потребно, како и дека ќе побара „помош од пријателите“.
„Доколку биде потребно, ќе се браниме и со нашите сили. Ако дојде до тоа НАТО да интервенира, ние ќе побараме помош од нашите пријатели кои јасно и гласно ни кажаа дека тие своите пријатели не ги оставаат во небрано“, кажа Додик, не прецизирајќи кои се „пријателите“.
Додик истакна дека независноста на РС ја поддржуваат седум членки на Европската Унија. „Точно е, но нема да кажам кои“, истакна Додик.
Амбасадата на Руската Федерација во Сараево во март порача дека Русија ќе реагира доколку БиХ преземе чекори кон членство во НАТО бидејќи Москва тоа ќе го толкува како непријателски чин.
Оружените сили на БиХ тесно соработуваат со НАТО и оружените сили на членките на воениот пакт.






