„Јас сум за, тоа е потреба и на струката и на земјата“, кажа Стефановиќ и додаде дека е најблизок моделот од шест месеци, доколку биде воведена обврската.
Тој истакна дека во Соработка со српскиот претседател Александар Вучиќ се врши „основа подготовка“ за воведување на воениот рок, доколку таквата одлука се донесе.
Зборувајќи за денот на српското единство, слободата и националното знаме, тој кажа дека на 15 септември на Ушќе, во Белград, ќе биде прикажано вооружувањето на војската на Србија, чие јакнење продолжува.
„Не сакаме никого да загрозиме, но го правиме тоа за некој да не помисли дека Србија е лесен плен“, кажа Стефановиќ, додавајќи дека многу воени средства се модернизирани и набавени се нови.






