Луѓето повеќе нема да мора да покажуваат ковид-потврда што покажува дека се вакцинирани, дека се заразиле со ковид или имаат негативен тест, дури и на големи настани како фудбалски натпревари или во ноќни клубови, кои штотуку се отворија.
Данска повеќе нема да го класифицира ковид-19 како „социјално критична“ болест.
Во текот на изминатите неколку месеци, владата постепено ја укина обврската за носење маски и други мерки.
Ноќниот живот повторно беше дозволен во почетокот на месецов, по година и пол затвореност. Во почетокот луѓето мораа да покажат ковид-потврда.
Ова барање е исто така укинато за баровите, спортските сали и други активности.
Министерот за здравство Магнус Хенике кон крајот на август рече дека попуштањето е можно благодарение на големиот број вакцинирани.
Досега, 83 проценти од Данците над 12-годишна возраст се целосно вакцинирани.
Меѓутоа, за патниците што влегуваат во земјата од странство, некои ограничувања ќе останат во сила. Дали е потребен тест за влез во Данска зависи од земјата или регионот од кој лицето влегува во земјата.






