сабота, 2 мај 2026

Црна Гора стана членка на Советот на ОН за човекови права

Објавено на

часот

Сподели

Исклучителниот успех на црногорската дипломатија, како што јави црногорското министерство за надворешни работи, е резултат на демократските вредности кои Црна Гора ги негува, и определбата вредностите како човековите права и слободи да ги штити и континуирано да ги унапредува на национално и меѓународно ниво, пренесува РТЦГ.

„За време на претставувањето на црногорската кандидатура за членство во ова телот беше претставена јасната ориентација на нашата држава сите нејзини политики и стратегии да бидат насочени кон реформските процеси, и надградба на демократските капацитети и обезбедување просперитет, благосостојба и подобра иднина за сите граѓани“, порача црногорската дипломатија.

„Исто така, црногорската кандидатура дополнително ја зајакна фактот што нашата земја претставува позитивен пример за мултиетнички односи, додека е испратена недвосмислена порака дека зачувувањето на културната, етничката и конфесионалната разновидност остануваат високо на листата на национални приоритети, како и тежнеењето Црна Гора да негува добрососедска политика и како таква да биде фактор на стабилноста во регионот“, се наведува.

„Уверен сум дека Црна Гора и нејзините дипломати и овој пат ќе ја оправдаат добиената доверба на членството на ОН и ќе отидат чекор понатаму во застапувањето и одбраната на фундаментални принципи на меѓународното право и човековите права“, напиша на Твитер претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ