петок, 24 април 2026

Човекот кој се закани со бомба во близина на Конгресот им се предаде на властите

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата денеска доби извештај за можна експлозивна направа во камионет паркиран пред Конгресната библиотека во Капитол во Вашингтон, пишува Асошиејтед прес.

Полицијата во Капитол соопшти дека полицијата „реагирала на сомнително возило во близина на Конгресната библиотека”. Зградата се наоѓа во близина на Капитол и Врховниот суд. Полицијата ги евакуирала луѓето од двете згради на Конгресната библиотека, Џеферсон и Медисон, и зградата Канон хаус.

Мажот дошол со црн камионет пред Конгресната библиотека во 9:15 часот по локално време, тврдејќи дека има бомба и на полицаецот му покажал нешто што личело на детонатор, изјави Том Мејнџе, началник на полицијата во Капитол.

Мејнџе рече дека осомничениот го објавил видеото во живо на Фејсбук и дека полицијата го има „веројатното име” на осомничениот, но додаде дека „во моментов немаат многу информации за него”.

„Во моментов не знаеме кои му се мотивите”, рече тој.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ