76-годишниот Земан боледува од дијабетска неуропатија, но болницата не сакала да ја коментира состојбата на чешкиот претседател. Тој наводно пристигнал во придружба на сопругата Ивана и сега е подложен на неопходните тестови.
Портпаролот на Земан одби да ги коментира наводите за хоспитализацијата на претседателот, а официјално соопштение на кабинетот се очекува во следните часови.






