недела, 26 април 2026

Бугарскиот претседател свика вонредни избори во ноември

Објавено на

часот

Сподели

Радев, во трка за нов претседателски мандат на изборите кои ќе се одржат на истиот датум, ќе го распушти парламентот и на 16 септември ќе именува нова, преодна влада.

Се очекува Радев за преодни министри да ги именува повеќето од оние кои функцијата ја преземаа во мај.

Стефан Јанев кажа дека очекува да ја задржи премиерската позиција.

Големото незадоволство на луѓето поради раширената корупција во најсиромашната членка на Европската Унија ѝ стави крај на речиси десетгодишната политичка доминација на премиерот Бојко Борисов од редовите на десниот центар.

Сепак, несогласувањата и ривалството меѓу неговите противници во поделениот парламент по изборите во април и јули ги спречија да формираат мнозинство.

На почетокот на септември социјалистите станаа третата политичка партија која одби да ја предводи владата.

Социјалистите се откажаа од плановите да формираат влада откако нивните потенцијални сојузници, антиестаблишментската партија Има таков народ (ИТН) и две помали партии одбија да ги поддржат, по што партијата му го врати мандатот на Радев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ