Ова е шеста недела, како што наведува СЗО во извештајот, вирусот да се шири низ целиот континент, пренесува агенцијата АП.
Во својот неделен извештај за пандемијата СЗО наведе дека во светот се регистрирани околу 3,1 милиони нови случаи, што е зголемување од околу еден отсто во однос на претходната недела.
Како што се наведува, речиси две третини од заразените, 1,9 милион случаи, се забележани во Европа, каде што случаите пораснаа за 7 отсто.
Се наведува дека од 61 земја што СЗО ги вклучува во својот европски регион, минатата недела 42 отсто пријавија скок од најмалку 10 отсто случаи.
Земји со најголем број нови случаи во светот се Соединетите Американски Држави, Русија, Велика Британија, Турција и Германија, се наведува во неделниот извештај.
Бројот на неделните смртни случаи од ковид-19 опадна за околу 4 отсто низ целиот свет, во сите региони, освен во Европа.
СЗО соопшти дека во Северна и во Јужна Америка новите неделни случаи опаднаа за пет отсто, а смртните случаи за 14 отсто.
СЗО уште еднаш апелираше до земјите да не даваат дополнителна доза вакцина, барем до крајот на годината.
Во југоисточна Азија и во Африка смртноста од последиците на ковид-19 е намалена за околу една третина, и покрај недостигот од вакцини во тие региони.
Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, минатата недела рече дека Европа повторно се „врати во епицентарот на пандемијата”.






