среда, 6 мај 2026

Борбен авион Ф35 вреден 100 милиони долари се урна во Медитеранот, објавена е снимка (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за инцидентот кој се случи на 17 ноември годинава.

Скај њуз тврди дека, според нивните информации, видеото е автентично. На самата снимка се гледа како авионот полека оди кон рампата за полетување и потоа паѓа преку неа, додека пилотот успешно се катапултира со што е избегната трагедија.

Иако точната причина сè уште не е потврдена, британските медиуми нагаѓаат дека станува збор за човечка грешка, а не технички недостаток на самиот авион.

Осум британски авиони Ф35 се наоѓаат на носачот заедно со десет американски Ф35-ки. Тие се Б-варијантата на млазниот ловец на Локид Мартин, која може да полета на мала оддалеченост и да слета вертикално.

ХМС Кралица Елизабета се враќа во Британија по повеќе од седум месеци на море на своето прво патување до Далечниот Исток и назад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ