недела, 26 април 2026

Би-би-си тврди дека Бритиш американ тобако договарал поткуп за Мугабе

Објавено на

часот

Сподели

Документите покажуваат дека компанијата БАТ (British American Tobacco) била вклучена во преговорите за плаќање помеѓу 300 и 500 илајди долари на партијата на Мугабе во 2013 година. Документите откриваат дека БАТ плаќала мито во Јужна Африка и користела нелегален надзор за да ги оштети конкурентите.

БАТ одговори дека е посветен на највисоките стандарди на корпоративно однесување.

37-годишното владеење на претседателот Мугабе било обезбедено на избори нарушени со обвинувањата за измама и насилство. Тој бил соборен во 2017 година, по што почина во 2019 година. Владејачката партија (Zanu PF) сега има ново раководство.

Во заедничката истрага со Бирото за истражувачко новинарство и Универзитетот во Бат, Би-би-си Панорама успеа да набави илјадници протечени документи. Тие покажуваат како компанијата БАТ ja финансирала мрежата од речиси 200 тајни разузнавачи во Јужна Африка.

Поголемиот дел од оваа работа ѝ била доверена на јужноафриканската приватна компанија за безбедност (Forensic Security Services – FSS). Оваа компанија била официјално задолжена да се бори против трговијата со цигари на црниот пазар, меѓутоа поранешните вработени за ББС изјавија дека го прекршиле законот за да ги саботираат ривалите на БАТ.

Внатрешните документи покажуваат дека во една операција на вработените во FCC им било наложено да затворат три фабрики за цигари, управувани од конкурентите на БАТ во Зимбабве.

БАТ одби да одговори на прашањата на Панорама во врска со исплатите во Зимбабве, но не негираше дека му платил поткуп на Роберт Мугабе.

Доказите покажуваат дека биле подмитени царинските службеници и полицајци и дека БАТ обезбедил пристап до информации од полициската мрежа на камери, која се користела за шпионирање на своите конкуренти.

Документите покажуваат дека високи претставници на БАТ во Лондон лично регрутирале и плаќале некои од информаторите што работеле во фабриките на конкурентите.

Адвокатите на БАТ истакнаа дека наводите не се нови и дека не е незаконски да се плаќаат извори за да се соберат информации за криминално однесување. Тие посочија дека компанијата го отфрла тврдењето дека се преземени какви било чекори со цел да се влијае врз законските активности на легитимните конкуренти или поради комерцијална корист. „Категорично го отфрламе погрешното карактеризирање на нашето однесување… Нашите напори во борбата против недозволената трговија беа насочени кон помагање на агенциите за спроведување на законите во борбата против криминалната трговија со тутунски производи“.

Ова не е првпат БАТ да биде обвинет за поткуп. Во 2015 година, Панорама откри дека компанијата тајно плаќала политичари и државни службеници во земјите од источна Африка за да ги поткопаат мерките против пушењето. Но овој случај заврши со заклучок дека нема докази за кривично гонење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ