„Во учебникот по епидемиологија јасно пишува: кога ќе се вакцинираат 70 отсто од популацијата, ќе биде подобро. Епидемиологијата е наука. Таа има свои закони. Значи, ако вирусот се пренесува низ воздухот од лице на лице, треба да вакцинираме 70 отсто, или уште подобро 80 отсто и тогаш епидемијата ќе згасне сама”, рече тој за ТАСС.
Притоа, како што додаде, само треба да се одржува нивото на вакцинираните и епидемијата ќе биде победена.
„Не може повторно сите да се стават во самоизолација, но ако не обезбедите луѓето во краток рок да бидат вакцинирани, секои три месеци ќе имаме нов бран пандемија и така бесконечно – петти, десетти, дванаесетти”, објасни Гинцбург.






