среда, 6 мај 2026

Белорусија воведува ембарго на стоки од „непријателски земји“, и Македонија е на списокот

Објавено на

часот

Сподели

Според указот на белоруската влада објавен денес, забраната на увоз се однесува на одредена стока од ЕУ, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Британија, Швајцарија, Црна Гора и Македонија.

На списокот на стоки меѓу другото се свињи и свинско месо, говедско месо, солено, маринирано, сушено или димено месо, зеленчук, овошје, ореви и слични производи, кондиторски производи и друго, пренесува ТАСС.

„Поради континуираните обиди на колективниот Запад да изврши противправен притисок со санкции врз нашата земја, Белорусија презема сеопфатни мерки. Со одлука на владата ембаргото на храна се воведува од 1 јануари 2022 и подразбира широка листа на стоки произведени во земјите што спроведуваат дискриминаторска политика и вршат непријателски дејства против нашата земја“, соопшти владата.

Белорусија од овие земји за десет месеци оваа година увезла храна во вредност од над 530 милиони долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ