Лукашенко кажа дека Белорусија со Москва преговара за купување ракетни одбранбени системи С-400, пренесува Ројтерс.
Тој викендов присуствуваше на големата руско-белоруска воена вежба Запад 2021, која се изведува на локации во близина на границите со членки на Европската Унија и НАТО, што предизвикува вознемиреност кај Украина и Полска.
„Ова е еден од најважните тренинзи за оружените сили, кој се одвива во време на хибридна агресија на Западот врз Белорусија и Русија“, кажа Лукашенко во неделата.
Русија негира дека вежбата Запад 2021 е насочена против некоја конкретна странска сила.






