сабота, 18 април 2026

Балканците сега помалку сакаат да работат во странство, само 37% би размислиле за тоа

Објавено на

часот

Сподели

„Пандемијата го смени мислењето и влијаеше на нашите животи. Луѓето сега не сакаат да одат и да работат во странство, 37 проценти од граѓаните би го сториле тоа, што е тренд на опаѓање во споредба со минатата година“, рече Мајлинда Брегу, генералната секретарка на Советот за регионална соработка, на презентацијата на Балкан барометар 2021 во Тирана.

Во исто време, повеќе од половина од вкупните учесници во истражувањето тврдат дека немаат намера да работат во странство во блиска иднина.

Од Балканот, Македонија има најголем број испитаници (65%) што не изразуваат никаков интерес за работа во ниту една странска економија, додека таков одговор дале 52 проценти од испитаниците во Босна и Херцеговина, 45% од Црногорците…

Само 27% од Македонците би размислите да живеат и работат во странство, што е најниско во регионот.

ЕУ останува главна дестинација каде што би работеле повеќето Балканци, додека петтина од испитаниците повеќе ги сакаат САД, а 7 проценти велат дека би работеле во странство сѐ додека нивната работа е некаде на Западен Балкан.

Балкан барометар 2021 забележа уште еден интересен факт – намалување на бројот на учесниците што ниту би живееле ниту би работеле на некое друго место на Западен Балкан (77%, во споредба со 82% во 2019 година).

Од објективот на секоја економија поединечно, испитаниците од Србија се најжестоките противници на работата и животот во друга економија во регионот, сочинувајќи огромно мнозинство од населението (90%).

Најважен за испитаниците од Македонија е индустрискиот развој (47%), енергетскиот сектор (29%), зелената индустрија (19%) и дигиталната инфраструктура (16%) како области во кои нивната влада треба да ги инвестира своите ресурси, што се највисоки регионални процентни вредности.

Луѓето во Македонија ја сметаат мрежата од семејство и пријатели (40%) и етничката припадност (10%) како средства што се најважни за наоѓање работа денес – највисок регионален процент.

Испитаниците имаат најмала доверба во судството – 70% – повеќе отколку во која било друга економија на Западен Балкан.

Огромното мнозинство Македонци (82%) ги сметаат климатските промени за проблем, што е највисоко на Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ