недела, 26 април 2026

Бајден: Што треба, да ги нападнеме сите земји каде што е Ал каеда? Бидете сериозни

Објавено на

часот

Сподели

„Може ли Ал каеда да се врати? Да, и ќе ви кажам, тие веќе се вратија на други места“, им рече тој на новинарите во Шенксвил, каде што пред 20 години се урна еден од четирите киднапирани авиони.

„Која е стратегијата? Мораме да ги нападнеме сите места каде што се наоѓа Ал каеда и таму да оставиме наши воени единици? Бидете сериозни“, додаде тој.

Американскиот претседател, поради критиките поради хаотичното повлекување од Авганистан, кое заврши на 31 август, повтори дека бил грешка обидот да ги обединат Авганистанците.

Бајден смета дека Американците ја исполниле својата мисија убивајќи го Осама бин Ладен, основачот на Ал каеда, и неутрализирајќи ја џихадистичката мрежа во нејзината авганистанска база.

Американската интервенција во Авганистан почна по нападот врз САД на 11 септември и така почна најдолгата војна во историјата на Соединетите Држави.

Бајден минува низ тешка политичка фаза откако талибанците ја презедоа власта во Кабул на 15 август и по итната евакуација на повеќе од 120.000 луѓе од Авганистан во воената операција организирана од американската армија.

Тој тврди дека не е загрижен за падот на популарноста. „Веќе долго време се занимавам со ова“, рече 77-годишникот и ветеран на американската политика.

Претседателот Бајден во саботата го посети секое од местата каде што киднапираните авиони удрија во 2001 година, по повод годишнината од 11 септември, оддавајќи им почит на жртвите.

Бајден и неговата сопруга прво присуствуваа на церемонијата на местото на Светскиот трговски центар во Њујорк, а потоа полетаа за Шенксвил, Пенсилванија, по што заминаа во областа Вашингтон во Пентагон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ