среда, 6 мај 2026

Бајден подготвува низа иницијативи за да ја заштити Украина од руски напади

Објавено на

часот

Сподели

Обраќајќи се во Белата куќа, Бајден рече дека е во „постојан контакт“ со сојузниците на САД и со Украинците и дека подготвува иницијативи што „многу, многу ќе му отежнат“ на рускиот претседател Владимир Путин да „го направи она што луѓето се плашат дека ќе го направи“.

Американскиот претседател и неговиот руски колега наскоро би требало директно да разговараат за тензиите околу Украина, седум години по руската анексија на украинскиот црноморски полуостров Крим и бунтот на проруските сепаратисти во источна Украина, пренесува Франс прес.

Тензиите постојано се зголемуваа во текот на изминатите неколку недели поради можниот нов руски напад врз Украина. Русија е обвинета дека натрупала десетици илјади војници на границата.

За да ги смири тензиите, Москва бара безбедносни гаранции и посебно уверување дека НАТО нема да продолжи да се шири кон исток, особено со приемот на Украина.

Киев, од друга страна, категорично одби да се откаже од својот план за приклучување кон Алијансата, кој формално е на маса од 2008 година.

Доколку Украина влезе во НАТО, тоа би значело дека другите земји-членки на Алијансата, предводени од САД, ќе бидат обврзани воено да интервенираат во случај на агресија врз Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ