недела, 26 април 2026

Бајден ќе зборува пред Генералното собрание на ОН на 21 септември

Објавено на

часот

Сподели

Собирот кој минатата година поради пандемијата на коронавирусот беше одржан главно од далечина, овој пат ќе биде во хибриден формат, што значи дека дел од политичарите ќе зборуваат на лице место, а дел повторно преку видео-врска.

Стотина шефови на држави и влади ја најавиле на ОН својата намера да дојдат во Њујорк, покажува привремената листа на гости која ја добила на увид агенцијата Франс прес.

За тоа се предвидени строги услови, па секоја делегација во седиштето на ОН има право на седум лица, а четири во амфитеатарот на Генералното собрание.

Притоа се бара лицата да се вакцинирани или да имаат негативен тест за коронавирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ