четврток, 23 април 2026

Бајден им се закани на талибанците: Одговорот ќе биде брз и силен

Објавено на

часот

Сподели

Тој им се закани на талибанците со „брз и силен одговор“ ако американските интереси бидат нападнати за време на повлекувањето, пренесува РТ.

Во соопштението кое Белата куќа го објави денес попладне, Бајден откри дека наредил околу 5.000 американски војници да влезат во Авганистан за да се обезбеди „уредно и безбедно повлекување на американскиот персонал“.

Неколку дена претходно неговата администрација ангажираше околу 3.000 војници во таа цел, откако Стејт департментот го намали бројот на персоналот во американската амбасада во Кабул и ги повика сите Американци во земјата веднаш да заминат.

Бајден изјави и дека ги предупредил талибанските лидери кои присуствувале на мировните преговори во Катар дека секоја акција „која го доведува американскиот персонал во опасност ќе биде соочена со брз и силен американски воен одговор“.

Дури и најциничните аналитичари деновиве се шокирани од брзината на пропаѓањето на авганистанската војска, која САД ја финансираа со 88 милијарди долари, а експертите кои ја поддржуваа војната го осудија Бајден за препуштање на Авганистанците сами на себе против талибанците.

Американскиот претседател во својата изјава ги отфрли овие тврдења, порачувајќи: „Уште една година, или уште пет години, американско воено присуство не би направило разлика ако авганистанската војска не може или не сака да ја зачува својата држава“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ