Во вторникот, нешто после пладне по локално време, помал авион морал да изведе итно слетување.
„Слушнав силен звук на тресок. Мислев дека не удри друго возило. Но, тоа беше авион. Дел заврши на моето задно седиште“, изјави Викторија Робертс, пренесе Си-ен-ен.
Внуката Еви раскажа дека слушнале силен звук и дека баба и ѝ рекла да ги затвори очите и устата и да излезе од автомобилот. Но, Еви не можела да излезе бидејќи вратата била заглавена. И двете биле полни со стакло и гориво од авионот. Еви успеала да излезе прекачувајќи се преку воланот.
Кога пристигнала брзата помош, медицинските лица прво ѝ ја соблекле облеката полна со гориво и ја завиткале во ќебе.






