„Тој беше поканет само од една причина – мешање во изборите во Русија“, наведе Марија Захарова на својот профил на Телеграм.
Во посебно соопштение објавено на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека американскиот амбасадор Џон Саливан разговарал со заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, на 10 септември.
„За време на состанокот, беше истакнато дека руската страна има непобитни докази за прекршување на руското законодавство од страна на американските дигитални гиганти во врска со подготовката и одржувањето на изборите за Думата“, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека американскиот дипломат добил инструкции дека „мешањето во внатрешните работи на Москва е апсолутно недозволиво“.
Изборите во Русија ќе се одржат од 17 до 19 септември.






