Портпаролот на Пентагон Џон Кирби на конференција за новинарите кажа дека не станува збор за „ниски летови над градот“, туку авионите само ги надгледувале операциите на евакуацијата.
Генерал мајорот Вилијам Тејлор кажа дека сега во меѓународниот аеродром во Кабул се отворени неколку влеза и дека досега се евакуирани околу 7.000 луѓе. Кажа и дека досега нема извештаи за инциденти.
Истакна дека во аеродромот во Кабул сега има повеќе од 5.200 американски војници кои ја надгледуваат евакуацијата.
За неколку дена би требало да има 6.000 војници, а тие се таму распоредени за да ја гарантираат безбедноста на аеродромот и да овозможат евакуација на американските државјани и поранешните авганистански вработени на американските сили.
„Талибанците знаат дека, ако им се спротивстават на американската војска или граѓаните, ќе им возвратиме“, кажа за Еј-би-си американскиот претседател Џо Бајден на прашањето за можни напади на талибанците за време на операцијата на повлекување.
[video:https://youtu.be/hOIc4eMcigk autoplay:0]





