сабота, 25 април 2026

Администрацијата на Бајден го тужи Тексас за „флагрантно лишување од права“ во законот против абортусот

Објавено на

часот

Сподели

Законот во Тексас, познат како СБ8, стапи во сила на 1 септември и им овозможува на граѓаните да го тужат секој што ќе изврши абортуси по шестнеделниот период, со износ од 10.000 долари или повеќе.

Во поднесувањето на документите во Западниот округ во Тексас, адвокатите на Министерството за правда тврдат дека законот е „отворен пркос на Уставот“ и „ги забранува повеќето абортуси пред да биде плодот способен за живот надвор од телото на мајката, дури и во случаи на силување, сексуална злоупотреба или инцест“.

Федералната влада бара од судот да го отфрли СБ8 и да изрече прелиминарна и трајна забрана против секого во Тексас што планира да го спроведе, заедно со „секое олеснување потребно за целосно да се исполни забраната против спроведувањето на СБ8“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ