сабота, 25 април 2026

Абазовиќ: Ако се помине црвената линија, ќе ја урнам владата

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека смета дека ситуацијата на Цетиње е решена на најдобриот можен начин – без човечки жртви и посериозни повреди.

„Не дојдов на власт за Црна Гора да ја делам, туку да придонесам граѓаните да се помират. Им кажав повеќе пати на премиерот и на колегите во владата и повторувам – ако се помине црвената линија, а со последните настани, мислам дека тие таа линија ја згазија, уште еден чекор напред и не е невозможно да имаме нов министер за внатрешни работи, но постои и можноста да имаме нов премиер. Јас потоа ќе ја урнам владата, ќе престанам да ја поддржувам владата ако сметам дека прават нешто што е неправедно“, кажа тој.

„Не разбирам зошто се создаде нова криза на власта и тоа веројатно не е прашање за мене. Ние од ситуацијата на Цетиње, многу кризна, излеговме по моја проценка со феноменален резултат на полицијата, менаџментот… Без човечки жртви, тешки повреди, покрај бројните проблеми кои го следеа настанот. Точно е дека имавме различни мислења, но да одиме на сечење глави и уривање на безбедносниот сектор кој според мене единствен даде резултати во минатата година, за мене е изненадувачко“, кажа Абазовиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ