четврток, 26 март 2026

Венс: Европа мора да понесе лавовски дел од товарот за безбедноста во Украина

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека европските земји ќе мора да понесат „лавовски дел“ од товарот за безбедносните гаранции на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не мислам дека ние треба да го носиме тој терет. Мислам дека треба да бидеме од помош во однос на тоа да се запре војната и убиствата. Но, треба да очекуваме, а претседателот сигурно очекува, Европа да игра водечка улога“, изјави Венс во емисијата „Аголот на Инграм“ на Фокс њуз.

„Без оглед на тоа каква форма ќе има, Европејците ќе мора да понесат лавовски дел од товарот“, додаде потпретседателот на САД.

Воените претставници на НАТО имаа „одличен, искрен разговор“ на видеоконференција за резултатите од неодамнешните состаноци за војната во Украина, изјави висок функционер на НАТО претходно вчера, а западни извори објавија дека помала група во Вашингтон ги продолжува разговорите за безбедносните гаранции за Украина.

„Во врска со Украина, ја потврдивме нашата поддршка. Приоритет останува праведен, одржлив и траен мир“, напиша на Икс шефот на воената комисија на НАТО, адмиралот Џузепе Каво Драгоне.

По завршувањето на поширокиот состанок, помала група воени команданти продолжува со дискусиите во Вашингтон за безбедносните гаранции за Украина, изјави западен извор.

Тој додаде дека генералот Ден Кејн, началник на Здружениот штаб на американската војска, ги води разговорите во кои учествуваат воени лидери од шест членки на НАТО.

Изворот вели дека засега нема резултати бидејќи безбедносните гаранции не биле детално дискутирани на претходната видеоконференција.

Изворот вели дека ќе има повеќе состаноци со поширок состав, откако помалата група ќе ги разработи опциите. Нема рок за завршување на дискусиите и конечната одлука ќе зависи од политичките лидери, рече изворот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ