„Тие знаат дека имаме нуклеарна подморница – најдобрата на светот – веднаш до нивните брегови. Значи, нам не ни треба ракета што лета речиси 13.000 километри. Тие не си играат со нас, ниту ние не си играме со нив. Постојано правиме ракетни тестови, но како што реков, имаме нуклеарна подморница – не ни треба да пукаме од такви растојанија“, рече Трамп.
„Патем, тој треба да ја заврши војната во Украина. Војната што требаше да трае една недела сега е на прагот да влезе во својата четврта година.“
„Тоа е она што треба да го прави, а не да тестира ракети“, додаде Трамп во разговор со новинарите на претседателскиот авион.
Рускиот претседател вчера објави дека Русија успешно ја тестирала својата нуклеарна крстосувачка ракета „Буревјестник“, способна да носи нуклеарна боева глава, за која Москва тврди дека може да го избегне секој одбранбен систем, и дека ќе почне да распоредува оружје. Американците ја нарекуваат ракетата „летачки Чернобил“.
Рускиот генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили, му рекол на Путин дека ракетата прелетала 14.000 км и била во воздух околу 15 часа кога била тестирана на 21 октомври.






