среда, 29 април 2026

Трамп: Кралот Чарлс е фантастичен, веројатно би ни помогнал со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го вовлече британскиот крал Чарлс во дебата за Иран, изјавувајќи дека верува оти монархот „веројатно ќе им помогнел“ на Соединетите Американски Држави во воената операција. Американскиот претседател го кажа ова во Овалната канцеларија по државната посета на кралот, одговарајќи на прашање за говорот што Чарлс го одржа во Конгресот, во кој упати некои индиректни критики кон извршната власт во САД, пишува Скај њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп прво изрази „големо разочарување“ од НАТО откако САД, како што вели, „ги замолија да направат нешто во врска со Украина и Иран“. Потоа се осврна на британскиот монарх.

„Кралот е фантастичен. Поминавме многу време заедно и разговаравме многу, вклучително и за ова. Тој ја сака својата земја, тој е одличен крал и одличен пријател“, кажа Трамп. „Мислам дека, ако тој се прашува, веројатно би ни помогнал со Иран“.

Американскиот претседател потсети на својот говор за време на државната вечера во Белата куќа, кога тврдеше дека Чарлс „се согласува со мене, дури и повеќе од мене“ дека Иран никогаш не треба да има нуклеарно оружје.

Како одговор, портпаролот на Бакингемската палата изјави: „Кралот, секако, е свесен за долгогодишната и добро позната позиција на неговата влада за неширење на нуклеарно оружје“.

Доналд Трамп во Белата куќа коментираше и за британскиот премиер Кир Стармер. Односите меѓу американскиот претседател и премиерот се влошија во последните месеци, при што Трамп ја обвини Британија за недостиг од воена поддршка во агресијата врз Иран.

Американскиот претседател им кажа на новинарите во Овалната канцеларија дека верува дека неговиот добар однос со кралот „веројатно му помага“ во комуникацијата со Стармер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ