вторник, 20 мај 2025

Северна Кореја се заканува со одмазда поради прелетувањето на американски бомбардери

Северна Кореја денеска се закани со неодредени мерки на одмазда, откако САД во вторникот прелетаа бомбардери Б-1Б над Јужна Кореја, за време на заедничката воена вежба со јужнокорејските сили.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека вежбата има за цел да ги демонстрира заедничките способности за одвраќање во светлината на унапредување на нуклеарната програма на Северна Кореја, пренесува Асошиејтед прес.

САД и Јужна Кореја редовно спроведуваат заеднички воени маневри кои ги опишуваат како одбранбени, додека Пјонгјанг овие активности ги смета за „подготовки за инвазија“.

„Неодамнешната воена акција на САД и Република Кореја е отворена закана за безбедноста на нашата земја и сериозна провокација што ги подига воените тензии во регионот на исклучително опасно ниво“, изјави неименуван портпарол на севернокорејското Министерство за одбрана, пренесуваат државните медиуми.

Северна Кореја соопшти дека ќе ги „одврати американските агресивни обиди“ со силни средства и дека тоа ќе ѝ наштети на безбедноста на Америка.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се фали со неговите лични односи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Трамп кон крајот на март го нарече Ким „многу паметен човек“ и рече дека постои комуникација меѓу двете земји, иако Пјонгјанг не одговори јавно и не се познати официјални преговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ