Посетата ќе следува само неколку дена по самитот меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп, кој во Пекинг допатува со голема бизнис-делегација.
„Сите контакти се одржани, сите основни параметри на посетата се договорени, дневниот ред е јасен“, изјави Песков, додавајќи дека Кремљ наскоро и официјално ќе ја објави посетата.
На дневен ред ќе бидат билатералните односи, трговско-економската соработка и меѓународните прашања, пренесува рускиот медиум Ведомости.
Москва и Пекинг, исто така, ќе разменат мислења за разговорите што Кинезите ги водеа со Американците, додаде Песков.
Претходно, Саут Чајна морнинг пост, повикувајќи се на високорангирани извори, објави дека Путин би можел официјално да ја посети Кина на 20 мај.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека посетата на Путин на Кина ќе биде реализирана во првата половина на 2026 година.
Тој додаде дека Москва и Пекинг во моментов одбележуваат години на меѓусебна соработка во областа на образованието, па Русија предложила на идниот самит посебно внимание да ѝ се посвети на образовната соработка.






