петок, 7 ноември 2025

Приштина во Обединетите нации се жали на називот „Косово и Метохија“

Министерката за надворешни работи на Косово Доника Гервала Шварц се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации, жалејќи се на терминот „Косово и Метохија“. Гервала Шварц оцени дека терминот ги претставува јазикот и терминологијата на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ и оние кои продолжуваат да ја следат неговата идеологија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Дозволете ми да разјаснам. Не постои такво нешто како „Косово и Метохија“. Таа фраза е јасен израз на хегемонистичките амбиции на Србија. Тоа е јазикот на Слободан Милошевиќ и оние кои го следат“, изјави таа.

Во еден момент таа со лист хартија во раката на кое беше прикажана кореографијата изведена од навивачите Делии за време на пријателскиот натпревар помеѓу Црвена Ѕвезда и Фиорентина во јули 2023 година. Кореографијата вклучувала тенк и слоганот „Кога војската ќе се врати на Косово“.

„Низ цела Србија можете да видите мурали „Кога војската ќе се врати на Косово“. Не пишува дали, туку кога. Не ги кријат целите, само моментот“, смета Гервала Шварц.

За време на нејзиниот говор таа истакна дека Косово има силна економија. Според неа, Светската банка го рангира Косово како една од водечките земји во Европа во однос на економскиот раст.

„Нашата сила доаѓа од нашиот народ, од нашата западна демократија и од нашата силна економија. Светската банка го рангираше Косово како лидер во економскиот раст во Европа по петти пат по ред. Нашиот проектиран раст останува околу 4 отсто. Странските инвестиции растат, како и профитот. Косово е на прво место во Европа и на трето место во светот според Индексот за владеење на правото“, тврди таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ