понеделник, 28 април 2025

Макрон му порача на Нетанјаху дека мора да заврши страдањето на цивилите во Појасот Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон му порача денеска на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека мора да заврши страдањето на цивилите во Појасот Газа. Тој повика и на прекин на огнот што ќе овозможи ослободување на заложниците и отворање на сите премини за хуманитарна помош.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Прекин на огнот, ослободување на сите заложници, хуманитарна помош и конечно повторно отворање на перспективата за политичко решение со две држави. Во овој контекст ја замислувам јунската конференција со која Франција ќе претседава во ОН, земајќи ги предвид безбедносните интереси на Израел и на сите во регионот“, напиша Макрон на платформата Икс.

Нетанјаху во телефонски разговор му рекол на Макрон дека формирањето на палестинска држава ќе биде „огромна награда за тероризмот“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

„За време на разговорот, премиерот на Израел силно се спротивстави на формирањето на палестинска држава, велејќи дека тоа ќе биде огромна награда за тероризмот“, се наведува во соопштението.

Макрон неодамна изјави дека Франција може да ја признае палестинската држава во јуни на конференцијата со која Париз ќе претседава заедно со Саудиска Арабија во ОН во Њујорк.

Францускиот претседател го опиша како дел од реципрочни мерки откако некои арапски земји го признаа Израел.

Односите меѓу Израел и Франција беа значително заострени во последните месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ