недела, 15 јуни 2025

Лос Анџелес воведе полициски час

Во центарот на Лос Анџелес на сила е полициски час, објави Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицискиот час ќе биде на сила од 20:00 до 6:00 часот по локално време и веројатно ќе трае неколку дена, изјави градоначалничката Карен Бас.

Полициската управа на Лос Анџелес доцна синоќа соопшти дека започнува масовни апсења, бидејќи неколку протестни групи продолжуваат да се собираат во областа каде што е на сила полицискиот час.

Најмалку 378 лица се уапсени во немирите во текот на изминатите четири дена, вклучувајќи речиси 200 лица вчера, изјави началникот на полицијата на Лос Анџелес, Џим Мекдонел.

Протестите против рациите на имигрантите се проширија во понеделникот и во други градови во САД, вклучувајќи ги Сан Франциско и Санта Ана во Калифорнија, како и Далас и Остин во Тексас.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека испраќањето војници во Лос Анџелес го спасило градот од уништување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ