сабота, 21 јуни 2025

Германија: Пакети со бел прав пристигнаа во центарот на ДХЛ, најмалку 12 повредени

Сомнителен пакет е пронајден денеска во дистрибутивниот центар на ДХЛ во Лангенсен, во близина на Нирнберг, најмалку 12 лица се повредени откако се пожалиле на здравствени проблеми.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според полициските извештаи, седум од 12-те лица се пренесени во болница, а полицијата проценува дека бројот на повредени може да се зголеми, пренесува германскиот весник Тагес-Анцајгер.

Полицијата соопшти дека сомнителниот пакет содржел непозната супстанца што протекувала, на местото на настанот брзо реагирале припадници на пожарникарските и полициските сили, како и експерти за опасни материјали.

Зградата беше евакуирана, а пожарникарите поставија туш за деконтаминација за да ги измијат потенцијално опасните материи.

„Во моментот на инцидентот биле присутни 35 лица, но нема опасност за пошироката јавност“, изјави портпаролката на полицијата. Истрагата е во тек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ