Според таа телевизија, тенковите биле распоредени во областа Тел абу Кубејтра, во јужниот дел од руралната област Кунејтра.
Во посебен инцидент, израелските сили привеле еден млад човек од селото Аин Зиван за време на рации и претреси на неколку куќи. Човекот, приведен околу полноќ, подоцна бил ослободен.
Израелските сили вршат речиси секојдневни упади во јужна Сирија, вклучувајќи рации, поставување контролни пунктови, претреси на куќи и притворања, објавија сириските медиуми.
По падот на режимот на Башар ал Асад на 8 декември 2024 година, Израел го прогласи Договорот за раздвојување на силите со Сирија од 1974 година за неважечки и влезе во тампон зоната под надзор на ОН. Новата сириска влада постојано потврдува дека останува посветена на договорот.
И покрај отсуството на директни закани од новото сириско раководство, Израел продолжува со воздушните напади и воените операции во Сирија, предизвикувајќи цивилни жртви и штети на воената инфраструктура.






