вторник, 23 јуни 2026
Анализа

Во дел од министерствата во државава Албанци се речиси половина од вработените

Од институциите на државно ниво, највисока процентуална застапеност на етничките Албанци, од речиси 40 отсто, има кај Народниот правобранител. Најниска, од 12,73 отсто, има кај Претседателот на државата, пишува Порталб. На ниво на министерствата, 66,35 отсто од вработените се Македонци, 26,03 отсто Албанци, а припадниците на останатите заедници се застапени со помалку од три отсто, покажуваат новите податоци од Извештајот од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на вработени во јавниот сектор е зголемен на годишно ниво

Во 2025 година во јавниот сектор во државата работеле 129.793 лица и, во споредба со состојбата во 2024 година, бројот е зголемен за 2.471 лице. Иако бројот на вработени според етничка припадност се зголемува и кај Македонците и кај Албанците, нивниот процентуален удел е помал во однос на 2024 година, поради квантитативниот пораст на вработените во јавниот сектор.

На ниво на целиот јавен сектор во државата, според етничката структура, 72,37 отсто од вработените се етнички Македонци, додека 21,70 отсто се етнички Албанци.

Застапеност на припадниците на заедниците:

  • Македонска – 80.250 (72,37%)
  • Албанска – 24.064 (21,70%)
  • Турска – 2.283 (2,06%)
  • Ромска – 1.285 (1,16%)
  • Српска – 1.060 (0,96%)
  • Други – 943 (0,85%)
  • Бошњачка – 544 (0,49%)
  • Влашка – 456 (0,41%)

Според податоците од Регистарот, просечната возраст на вработените во јавниот сектор изнесува 46,6 години.

„Најголема просечна возраст, од 52,7 години, има кај Советот на јавни обвинители, додека најмала просечна возраст, од 40,8 години, има кај Секретаријатот на Владата“, се наведува во извештајот.

Етничка структура на вработените според видот на институциите

На ниво на сите министерства, етничките Македонци се застапени со 66,35 отсто, а етничките Албанци со 26,03 отсто. Следуваат Турците со застапеност од 2,45 отсто, Србите со 1,36 отсто и Ромите со 1,29 отсто, додека останатите заедници се застапени со помалку од еден отсто.

Во Владата, застапеноста на етничките Македонци изнесува 74,57 отсто, а на етничките Албанци 14,45 отсто, додека останатите заедници имаат удел од 0,58 до 3,76 отсто.

Во Јавното обвинителство, застапеноста на Македонците изнесува 80,04 отсто, а на Албанците 16,12 отсто. Во Уставниот суд, 72,13 отсто од вработените се Македонци, а 18,03 отсто Албанци, додека на трето место се Турците со 4,92 отсто. Во регулаторните тела, 70,38 отсто од вработените се етнички Македонци, 23,95 отсто се етнички Албанци, а 2,52 отсто се Турци.

Највисока процентуална застапеност на припадниците на албанската заедница, со над 30 отсто, има кај Народниот правобранител, со учество од 39,29 отсто. Потоа следуваат самостојните стручни органи, каде што Албанците се застапени со 33,33 отсто, и правните лица со јавни овластувања, каде нивната застапеност изнесува 32,48 отсто.

Според видот на институциите, најниска застапеност на етничките Албанци, од 12,73 отсто, има кај Претседателот на државата, а во Владата нивното учество изнесува 14,45 отсто.

На ниво на министерствата, најниска процентуална застапеност на етничките Албанци има во Министерството за спорт, со 12,20 отсто, Министерството за одбрана, со 13,79 отсто, и Министерството за дигитална трансформација, со 14,47 отсто.

Највисока застапеност, пак, има во Министерството за односи меѓу заедниците, каде што Албанците учествуваат со 52,47 отсто, во Министерството за здравство со 43,85 отсто и во Министерството за економија со 39,86 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ