вторник, 23 јуни 2026

Додека едни градат иднина за младите, други крадат и го уништуваат Фудбалскиот клуб Победа во Долно Лисиче

Во Долно Лисиче во изминатиот период се забележуваат две сосема спротивни слики – од една страна вложувања и развој на спортската инфраструктура, а од друга страна вандалско однесување и кражби кои го отежнуваат функционирањето на локалните спортски објекти. Додека едни создаваат, вложуваат труд и напори за генерациите да имаар место каде ќе се посветат на спортот, а не на пороци, други крадат и уништуваат. Можеби ќе проработи совеста да се врати украденото, но секако надлежните се известени и полицијата ќе трага по крадецот или крадците.

Објавено на

часот

Сподели

Од Фудбалскиот клуб Победа денес реагираат и на сериозен инцидент, при што во текот на ноќта од просториите на игралиштето е украден електричен мотор за вадење вода, како и дополнителна опрема, меѓу која црева, уште еден мотор на бензин и акумулатор од косилка. Според нив, со ова е направена значителна материјална штета и е отежнато одржувањето на теренот.

Од клубот апелираат до граѓаните доколку имаат информации за настанот да ги известат надлежните институции, нагласувајќи дека ваквите случувања директно влијаат врз условите за спорт и развој на младите.

Настаните отвораат контраст меѓу напорите за создавање подобри услови за спорт во заедницата и предизвиците со кои се соочуваат локалните клубови во заштитата на својата опрема и инфраструктура.

Од ФК Победа 2012 неодамна информираа дека по повеќегодишни напори и обезбедени донации започнаа и реализираа значаен проект – изградба на сопствени соблекувални. Како што наведуваат од клубот, по повеќе од 50 години постоење, ова претставува историски чекор за подобрување на условите за тренинг и работа со младите фудбалери.

Од управата изразија благодарност до донаторите и поддржувачите, како и до Општина Аеродром и градоначалникот Дејан Митески за поддршката, при што посочија дека во изминатиот период е спроведена акција за чистење и уредување на просторот околу игралиштето, кој претходно беше во запуштена состојба и нефункционален.

Но, сега кога ова игралиште се среди, некој реши да краде токму од среќата на децата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ