Зверев никогаш не бил во подобра позиција за да освои грен слем трофеј, во ситуација кога пред себе ги нема Ѓоковиќ, Синер и Алкараз, тој е главен фаворит и таква улога ќе има и во финалето.
Меншик пружи отпор во првиот сет, но Зверев го доби со 7-5 и поведе со 1-0. Вториот убедливо му припадна на Германецот со 6-2.
Но, Чехот се врати во живот откако го доби третиот сет со 6-3. Сепак тоа беше се што направи, во четвртиот сет Зверев беше подобар со 6-3 и го доби мечот со 3-1 во сетови.
Во финалето Зверев ќе има италијански противник бидејќи второто полуфинале го сочинуваат двајца тенисери од оваа земја, Арналди и Коболи.






