четврток, 22 мај 2025

Уште не се најде јунак да го победи Флик во финале, Германецот има луда статистика

Барселона вчера уште еднаш го победи Реал Мадрид и го освои трофејот од Купот на Шпанија, а ова за Ханси Флик беше седмото добиено финале.

Објавено на

часот

Сподели

Барса со 3-2 го совлада Реал Мадрид во меч кој траеше 120 минути.

Кога ќе дојде на ред да се игра финале, таму Флик е најдобар, досега не се нашол некој кој ќе го победи Германецот во финале.

Досега тој играл седум финалиња и секогаш излегувал како победник. Пред вчерашниот триумф во Купот на Шпанија, флик со Барселона го освои и шпанскиот Суперкуп кој се играше во Саудиска Арабија.

Претходно со Баерн Минхен победи во пет финалиња, по еднаш во Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот, Германскиот куп, Суперкупот на Германија и Светското клупско првенство.

Наредно можно финале за Флик е Лигата на шампионите, но за да стигне до него прво ќе треба да го помине Интер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ